Универзитетот Харвард, што веќе беше најбогатиот во светот, соопшти дека во фискалната година која заврши во јуни, остварил профит од 34 отсто и го зголеми своето богатство на 53,2 милијарди долари.

Универзитетот го остварил зголемувањето на профитот со инвестирање во приватниот и јавниот сектор.

Во текот на претходната фискална година, која заврши во јуни 2020 година и само неколку месеци по пандемиската криза, универзитетот соопшти дека остварил профит од 7,3 проценти.

Главниот менаџер за инвестиции и извршен директор на компанијата Харвард Менаџмент Компани (ХМЦ), Н.П. Нарвекар изјави дека профитот оваа година би бил многу поголем доколку универзитетот инвестирал во поризични бизниси. Сепак, тој истакна дека таков резултат не може да се постигне секоја година.

Нарвекар во годишниот финансиски извештај на универзитетот наведува дека Харвард ризикувал многу помалку во изминатите години отколку другите универзитети.

Со други зборови, со оглед на развојот на пазарот минатата година, значително повисоко ниво на ризик драматично би ја зголемила заработката на ХМЦ – нагласи Нарвекар.

На пример, МИТ (Технолошкиот институт во Масачусетс) остварил 56 проценти профит оваа фискална година, зголемувајќи го богатството на 27,4 милијарди долари, а Универзитетот Браун со 52 проценти добивка на 6,9 милијарди долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.