Унгарските хотели забележале раст на приходите во јуни, според најновата анализа на Унгарското здружение на хотели и ресторани (MSZÉSZ), пренесува „Дејли њуз Хунгари“.

Споредено со минатата година, се работи за значителен пораст од 13,3% на државно ниво и во главниот град. Одморалиштата надвор од Будимпешта забележале раст од 13,2%, додека во регионот Балатон, заработката на хотелите се зголемила за 11,3%. Во текот на првите шест месеци од годината, бруто приходот во хотелите се зголемил за 8,8% (377,1 милиони евра), од кои 35% (122,6 милиони евра) доаѓа од домашни гости, додека 67,5% (254,5 милиони евра) доаѓа од странски гости. На домашно ниво, остварен е раст од 6,9%, додека на меѓународно ниво остварен е раст од 9,7%. Вкупниот бруто-промет се зголемил за 9% (656,6 милиони евра).

Унгарските хотели оствариле одлични резултати и на меѓународно ниво. Во регионите на Централна и Источна Европа, Унгарија имала втор најголем бруто приход по достапност на соби по Австрија, а потоа следат Чешка, Полска и Словачка. Во периодот јануари-јуни, Будимпешта го зазема третото најдобро место во рангот на главните градови, по Прага и Виена, оставајќи ги зад себе Варшава и Братислава.

Од поважните земји од коишто доаѓаат позначителен број на туристи, раст на бројот на гости се забележува од: САД (+ 9,5%); Обединетото Кралство (+ 7,3%); Романија (+ 5,5%); Франција (+ 5,1%); Израел (+ 4,4%); Чешка (+ 3,7%).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.