Новинарот на Си-Ен-Ен Ричард Квест го нападна унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто поради неодамна изгласаниот закон во Унгарија со кој се забранува ширење на порнографски и педофилски материјали пред деца. Унгарија беше изложена на силни напади од страна на левичарските политичари во Европа и САД поради законот, кој го гарантира правото на родителите да ги заштитат своите деца од изложеност на материјали со кои тие не се согласуваат.

– Го почитувам тоа што пред вас имате копија од законот, бидејќи обично кога дебатирам за него, со новинари или со западно-европски политичари, се работи за луѓе кои не го прочитале законот, одговори Сијарто, во интервјуто со новинарот Квест, кој е хомосексуалец, и беше уапсен во 2008 година во парк во Њујорк поради самозадоволување.

Квест го праша Сијарто дали тој лично би бил сметан за педофил според унгарскиот закон.

– Го почитувам начинот на живот кој сте го одбрале за себе, а воедно и законот ги почитува вашите права, доколку сте над 18 години. Законот има дел кој сериозно ја казнува педофилијата, и друг дел кој им гарантира на родителите право да одберат каков вид на сексуално образование нивните деца ќе посетуваат, одговори Сијарто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.