Клара Добрев, 49-годишна адвокатка, која се залага за поблиски односи со Европската Унија, победи во првиот круг од предизборите на обединетата унгарска опозиција, која сака со заеднички сили да се бори премиерот Виктор Орбан на изборите следната година.
Добрев, кандидатка на левичарската Демократска коалиција, победи во првиот круг пред вториот левичарски политичар, градоначалникот на Будимпешта, Гергели Караксони.
Следната година, за првпат од доаѓањето на Виктор Орбан на власт во 2010 година, на изборите ќе му се спротивстави обединета опозиција, во која се вклучени социјалистите, либералите и некогаш екстремно десничарската, а денес централно-десничарската партија Јобик.
Анкетите предвидуваат тесна трка меѓу владејачката партија Фидес, предводена од Орбан и опозицијата, пренесуваат британските медиуми.
Добрев порача дека по фер завршениот прв круг од гласањето, таа е подготвена за вториот круг.
Добрев вети дека ќе се бори против сиромаштијата и ќе работи на воведување на еврото.
Караксони, пак, вети фер даночен систем и борба против политичките поделби во земјата.
Предизборите ќе продолжат следниот месец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.