Унгарските пратеници усвоија закон кој забранува на децата да им се промовираат хомосексуалност или промена на пол, за што поддржувачите велат дека ќе помогне во борбата против педофилија, додека противниците сметаат дека е дискриминација на ЛГБТ заедницата.

Амандманот на законот е изгласан со 157 гласа, вклучително и владејачката партија Фидес, на седница емитувана во живо на телевизија.

Фидес, конзервативната партија на премиерот Виктор Орбан, го предложи законот, кој е последен начин за ускратување на правата на припадниците на ЛГБТ заедницата во оваа земја. Парламентот го усвои законот со само еден глас против, но опозициските партии го бојкотираа гласањето.

Опозицијата го бојкотираше гласањето, освен Јобик, крајно десничарската партија која се спротивставува на Орбан, а која гласаше за забраната.

„Порнографија и содржини што прикажуваат сексуалност или промовираат отстапување на идентитетот од тој вид, промена на пол и хомосексуалност не смеат да бидат достапни за лица на возраст под 18 години“, се вели во документот, додавајќи дека целта е да се „заштитат правата на децата“.

Илјадници ЛГБТ активисти и други одржаа протест во Будимпешта вчера, што беше неуспешен обид да се спречи донесувањето на законот.

„На овој срамен ден, местото на опозицијата не ѝ е во парламентот, туку на улиците“, изјави градоначалникот на Будимпешта, Гергели Карачони.

Во пракса, ова значи дека веќе нема да бидат дозволени едукативни програми или реклами кои изразуваат поддршка за сексуалните малцинства, како што е онаа на Кока-Кола, што претставува пар мажи што во 2019 година и предизвика повици за бојкот.

Мерката ја осудија и групите за човекови права, при што некои го споредија со законот против таканаречената геј пропаганда во Русија, усвоен во 2013.

Сериите како „Пријатели“ и филмови како „Бриџит Џонс“, „Хари Потер“ и „Били Елиот“, во кои се зборува за хомосексуалноста, исто така, може да бидат забранети за малолетни лица, предупредуваат невладините организации.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.