Германија и САД беа најголемите инвеститори во Унгарија во текот минатата година, кога во земјата влегле стотина поголеми странски инвестиции вредни 4.3 милијарди евра.

Како потврда на унгарското економско чудо, земјата беше прогласена за една од десетте најдобри инвестициски дестинации во светот, а нејзината компанија за странски инвестиции за најдобра во регионот. Изборот го направи американското деловно списание „Сајт селекшн“.

Унгарскиот народ покажа дека е навистина конкурентен со своето знаење и мотивација, изјави министерот за надворешни работи Петер Сијарто.

Покрај етаблирањето на германскиот и американскиот пазар на инвестиции, Сијарто оцени дека во иднина инвестициите ќе доаѓаат колку од запад, толку и од исток, и најави активности за привлекување на компании од Јапонија, Кина и Јужна Кореја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.