Новата училишна година во Унгарија ќе почне на вообичаениот начин и училиштата ќе се отворат на 1 септември.

Како што соопшти унгарското министерство за човечки ресурси, епидемијата на корона вирусот не може да биде оправдување за дигиталното образование да ги замени училниците.

Во соопштението на министерството се додава дека во многу земји има значителен пораст на бројот на заразени со корона вирусот и дека загрижуваат податоците во Унгарија. Истовремено се наведува дека ќе бидат воведени дополнителни мерки ако владата и релевантните власти сметаат дека тоа е потребно.

Училиштата ќе добијат протокол за превенција на корона вирусот, а се предвидува родителите да не треба да ги испраќаат децата со симптоми на Ковид-19 во училиште.

Според владиниот указ, новата училишна година во Унгарија почнува на 1 септември и завршува на 15 јуни 2021 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.