Унгарската Влада прогласи вонредна состојба низ целата територија поради ширењето на новиот коронавирус. Тоа го објави шефот на канцеларијата на  унгарскиот премиер Виктор Орбан, Гергели Гуљас, наведувајќи дека одлуката е донесено во согласност со предлог на Министерството за внатрешни работи.

Забранет е влез на патници од Италија, Кина, Јужна Кореја и Иран, освен унгарски државјани кои доаѓаат од тие земји, кои ќе треба да останат во изолација две недели.

За таа цел, повторно ќе бидат воведени граничните контроли на границата со Словенија и Австрија. Сите возови, автобуси и летови од тие земји ќе бидат предмет на обновени мерки на општата граница, а се планира воведување целосни гранични контроли кон Унгарија и Хрватска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.