Податоците од Унгарија покажуваат дека само еден процент од вакцинираните граѓани со една доза вакцина против Ковид-19 се заразиле со коронавирусот, а по две дози, процентот е уште помал, изјави денеска шефот на кабинетот на канцеларијата на премиерот Виктор Орбан.

Унгарија досега вакцинираше близу 35 проценти од населението со најмалку една доза на вакцина против коронавирус, објави „Ројтерс“.

Унгарија во средата објави дека подготвила десетдневна кампања за вакцинација, бидејќи милион вакцини на „Синофарм“ ќе пристигнат од Кина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.