Соочена со зголемување на бројот на случаи со Ковид-19, Унгарија одлучи да ја промени својата стратегија за вакцинација за да овозможи што повеќе луѓе да ја примат првата доза со што ќе се овозможи проширување на имунизацијата и обезбедување барем одредена заштита на вакцинираните граѓани.

Објавувајќи ги промените, главната здравствена инспекторка на Унгарија, Сесилија Милер, истакна дека очекува да се зголеми бројот на нови позитивни во следните недели и дека Унгарија ќе се обиде да ги зголеми залихите со продолжување на периодот помеѓу двете дози.

Податоците покажуваат експоненцијален раст на инфекција. Следната недела ќе биде многу тешка – изјави Милер на онлајн брифинг.

Таа додаде дека новиот пристап кон вакцинацијата ќе значи 12-неделен период помеѓу две дози на вакцината на „АстраЗенека“ и 35 дена на вакцината на „Фајзер“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.