Унгарскиот министер за надворешни работи и надворешно-економски односи, Петер Сијарто, на средба со шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, изјави дека новиот долгорочен договор со „Гаспром“ за испорака на руски природен гас во Унгарија може да биде потпишан оваа есен, со што ќе се зголеми енергетската безбедност на земјата.

Нашиот долгорочен договор за снабдување со природен гас од Русија наскоро завршува и ние сме подготвени да склучиме нов долгорочен договор со „Гаспром“. Сега сме во завршна фаза на подготовка на овој документ, а во понеделник во Санкт Петербург ќе разговараме за конечните детали со извршниот директор на „Гаспром“, Алексеј Милер. Мислам дека наесен ќе можеме да потпишеме 15-годишен долгорочен договор со добри, прифатливи услови за да се обезбеди енергетска безбедност на земјата – посочи Сијарто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.