Унгарија ќе го продолжи делумното затворање до 15 март бидејќи се очекува натамошен раст на инфекциите во следните две недели, рече Гергели Гуљаш, шеф на кабинетот на премиерот Виктор Орбан.

Гуљаш на брифинг рече дека следните две недели ќе бидат исклучително тешки и дека вакцинацијата ќе се забрза откако Унгарија започна да вакцинира со кинеската вакцина „Синофарм“.

Третиот бран пандемија ја погоди Унгарија и ковид-броевите ќе се влошат во следната недела до две. Некои тврдат дека ќе видиме драматично влошување – додаде Гуљаш.

Еден милион дози на „Синофарм“ треба да пристигнат во Унгарија во март и април, а други 3,5 милиони во мај.

Досега, повеќе од половина милион луѓе примиле барем една доза на вакцина. Според заводот за статистика, сè повеќе Унгарци се подготвени да се вакцинираат.

Инаку, сите основни училишта се затворени од 11 ноември, хотелите и рестораните можат само да доставуваат храна, сите собири се забранети и во сила е полициски час од 20 часот.

Унгарија денеска потврди 4.385 нови инфекции, најмногу оваа година. Нацијата со 10 милиони жители потврди 414.514 инфекции и 14.672 смртни случаи од почетокот на пандемијата

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.