Унгарија и Романија се првите земји од регионот кои за ја ангажираа и војската за евакуација и прифаќање луѓе од Кина по повод епидемијата на коронавирусот. Според Балканската безбедносна мрежа, Унгарија го ангажирала Военото воздухопловство за да ги превезува своите граѓани кои престојувале во загрозените области и формирала специјална работна група за борба против коронавирусот.

На 2 февруари седуммина унгарски државјани беа префрлени од Франција во Будимпешта со авион на унгарските воздушни сили.

Во специјална мисија на романското Воено воздухопловство, пак, оваа недела со транспортен авион С-27Ј Спартан со опрема за медицинска евакуација и оддел за изолација од Германија во Букурешт биле префрлени две лица кои претходно престојувале во Кина.

И двајцата се сместени во карантин во траење од 14 дена.

Романските медиуми пишуваат градот Букурешт определил посебен објект за прием и сместување на лица во карантин.

Во зградата сместена на неидентификувана локација може да се сместат стотина луѓе.

Порталот додаде дека најбројните евакуации од Кина во Европа досега ги направиле Франција, Велика Британија и Германија, а на глобално ниво САД и Јапонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.