Унгарските власти одлучија да дозволат влез на туристи од Полска, Чешка и Словачка, со „свеж“ негативен тест за коронавирус.

Ова беше објавено веднаш по стапувањето во сила на мерката за затворање на границите.

Унгарија минатата недела објави дека ќе ги заостри мерките против ширење на коронавирусот, меѓу кои е и двонеделен карантин за унгарските граѓани, објави „Ројтерс“.

Сепак, по разговорот меѓу унгарскиот премиер Виктор Орбан и чешкиот премиер Андреј Бабиш, ќе им биде дозволен влез на чешките туристи кои платиле летен одмор во Унгарија.

Туристите кои доаѓаат во Унгарија ќе треба да покажат негативен резултат на тест не постар од пет дена.

Досега, во Унгарија се потврдени 6.139 заболени од Ковид-19 и 615 смртни случаи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.