Според германските вооружени сили, Унгарија е прва што се приклучува на меѓународниот, главно воен, воздушен сообраќај. Со тоа Унгарија е првата земја што станува партнер на новата мултинационална единица за воздушен транспорт „Luftwaffe Multinational Air Transport Unit“ (МНАУ).

Во 2017 година германското Луфтвафе нарача 40 воени транспортни авиони Ербас А400М, а потоа, германското сојузно министерство за одбрана предложи да се формира нова, меѓународна единица за воздушен транспорт (МНАУ).

Со формирањето на извршната група, се формирани првите соодветни позиции во базата на МНАУ во Вунсторф, што е важна пресвртница во реализацијата на мултинационалниот воен проект за воздушен транспорт. Бидејќи првите офицери на унгарското воено воздухопловство се интегрирани во проектот, почна и соработката меѓу унгарските и германските сили – велиИнго Герхартц, генерал-потполковник на Луфтвафе.

Се шпекулира дека уште десет авиони Ербас А400М ќе се приклучат на единицата.

Целта на таа соработка е да се обезбедат големи придобивки за сите членови на МНАУ, бидејќи тие не само што ќе можат да ги координираат своите операции, туку ќе можат да заштедат и значителен износ на трошоци и ресурси, а исто така треба да се помогне кон заштита на животната средина.

При спроведување на нивните координирани операции за летање, можно е германските пилоти да превезуваат унгарски товар или обратно, но исто така ќе биде можно за земјите партнери да користат авиони со свои ознаки во рамките на единицата.

Тоа може да ја зголеми можноста Унгарија во иднина да купи воен транспортен авион Ербас А400М. Земјите-партнери не само што ќе имаат можност за транспорт на товар, туку тие исто така можат да полнат гориво во воздух, што значително ќе го зголеми опсегот на нивните авиони.

Авионите ЈАС 39 Грипен, кои се во служба на унгарските воздухопловни сили, ја имаат потребната опрема за маневар, а некои пилоти веќе ја имаат завршено и потребната обука, вклучително и вистинското искуство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.