Во Унгарија во последните 24 часа се регистрирани 6.278 нови случаи на Ковид-19, што е најголема дневна бројка на новозаразени во последните три месеци.

Во минатото деноноќие поради компликации предизвикани од корона вирусот починале уште 152 лица.

Од почетокот на пандемијата, во Унгарија се регистрирани вкупно 446.178 заразени со корона вирусот, како и 15.476 смртни случаи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.