Анкета на унгарската агенција Нежопонт покажа дека владејачката партија Фидеж на премиерот Виктор Орбан ужива голема предност пред опозицијата. Според анкетата, доколку избори се одржат денес, Фидеж би освоила 51 проценти од гласовите.

Во случај на обединување на опозицијата, анкетата покажува дека Фидеж би освоила уште повеќе гласови – 56 проценти, наспроти 30 проценти за обединетата опозиција.  Во рамките на опозицискиот табор, левичарското движење Моментум води со 16 проценти поддршка пред Демократската коалиција со 11 проценти и некогаш силната националистичка партија Јобик со 9 проценти. Меѓу опозиционерите се и социјалистите и пародичната партија “Куче со два опаши” кои имаат по 4 проценти поддршка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.