Англискиот пристанишен град Ливерпул е симнат од листата на светското наследство на УНЕСКО по продолжувањето на градежните зафати во текот на повеќе години во близина на историските викторијански докови.

По гласањето на Комитетот за светско наследство во Кина, од УНЕСКО на Twitter обајвија дека Ливерпул би требало да биде отстранет од листата на места со светско наследство на оваа организација за Обединетите нации за култура, наука и образование.

Тоа значи дека Ливерпул ќе го загуби статусот кој го имаше од 2004 година, кога беше вброен на листата светски познати знаменитости како Таџ Махал или Кинескиот ѕид.

Во 2004 година, неколку градски споменици на Ливерпул: Простаништето Хед, Албертовиот док и Улицата на Вилијам Браун беа впишани во листата на места со светско наследство во Европа како „Поморско-трговски град Ливерпул“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.