Некои малолетни лица за Би-би-Си изјавија дека возрасни лица им нудат голема парична награда ако избодат други тинејџери.

Да, познато ни е дека банди користат млади и ранливи лица, со цел да продаваат дрога или да извршат насилство, соопшти локалната полиција, но притоа не се осврна на изјавите на тинејџерите.

Двајца тинејџери, кои сакаат да останат анонимни, за Би-Би-Си раскажаа дека постојат планирани напади врз малолетници. Еден од нив изјави дека банда платила 1000 фунти на други тинејџери да избодат негов пријател. Двајца малолетници брзо го нападнале и неговиот пријател завршил во болницата, додека момчињата ги поделиле парите.

Минатата година, полицијата од округот Мерсисајд забележа зголемување од 35 отсто во кривичните дела извршени со ладно оружје, односно ножеви. Полицијата регистрирала 1213 такви прекршоци во таа област во 2018 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.