Жител на селото Александровка на периферијата на областа Доњецк е повреден во снајперски оган од украинските безбедносни сили, соопшти денеска претставник на самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР).

Тој нагласи дека повредениот маж бил веднаш префрлен в болница и не е во животна опасност.

Во април 2014 година, украинските власти започнаа воена операција против самопрогласените Доњецка Народна Република и Луганската Народна Република, кои прогласија независност по промената на власта во Киев во февруари 2014 година.

Според последните податоци на ОН, во тогашните судири загинале околу 13.000 луѓе.

Конфликтите во источна Украина продолжуваат и по договорот за прекин на огнот, а ситуацијата околу Украина доведе до најново заострување на односите меѓу Русија и Западот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.