Украиннските сили веќе почнале на фронтот да ги користат топовите со долг дострел, коишто Украина ги доби од претставници на француската влада.

Францускиот претседател, Емануел Макрон, претходно овој месец вети дека Франција ќе испрати пратка со топови „Цезер“, кои беа опишани како „адут на француската артилерија“.

Украинскиот министер за инфраструктура, Володимир Омелијан, во вторникот вечерта, ја сподели веста за ставањето во оперативна функција на добиената артилерија, добиена од главниот командант на украинската армија, Валериј Залужни.

Омелијан изјави дека оружјето со долг дострел било ставено во погон откако украинските артилерци поминале два или три часа обука.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.