Двајца мажи кои работеле за руските разузнавачки агенции се уапсени за планирање на атентат врз украинскиот министер за одбрана и шефот на украинската воена разузнавачка служба.

Ова го соопшти украинската безбедносна служба СБУ, која објави и видео за кое тврди дека го прикажува апсењето на руските атентатори.

СБУ објави дека открила план на руската воена разузнавачка агенција ГРУ, чии саботери планирале да го убијат украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников, шефот на украинската воена разузнавачка агенција Кирил Буданов и познат украински активист.

Руските разузнавачи им ветиле на атентаторите од 100 до 150 илјади американски долари за секој од трите атентати, соопшти СБУ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.