Украинската армија соопшти дека украинските сили уништиле руски противвоздушен систем С-300 во околината на Херсон.

Оперативната команда Југ соопшти дека системот бил уништен како одговор на рускиот напад врз Николаев.

Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи, на Твитер напиша дека се уништени два руски системи С-300.

Се чини дека руските системи се многу успешни во примањето ракети од ХИМАРС за кои толку многу зборуваа – напиша Герашченко.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.