Украина секој ден се соочува со многубројни кибер напади, а поголемиот дел од нив доаѓаат од Русија, изјави министерот за одбрана Андреј Загородњук на меѓународен форум за безбедносни прашања во Халифакс.

Според информации објавени на интернет страницата на Министерството за одбрана, тој проблем се среќава најчесто кога станува збор за информатички технологии, кои се одразуваат врз безбедноста на податоците на важни инфраструктурни објекти.

Според Загородњук, Украина научила да неутрализира такви напади, но додаде дека „просторот постојано се шири поради што мора поактивно да се дејствува“.

Украинскиот министер ги повика државите од НАТО да се борат против кибер нападите.

Пред една недела секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина изјави дека неговата земја станала „полигон за тестирање“ за руските кибер напади. Тие претставуваат опасност не само за Украина, туку и за државите-членки на НАТО и ЕУ, затоа што во иднина се очекува да бидат насочени токму против земјите од Европската унија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.