Русите се подготвуваат во Украина да распоредат повеќе од своите единици што моментално се наоѓаат во Белорусија, соопшти главниот штаб на оружените сили на Украина.

Во тек е трансфер на руски персонал и воена опрема, со цел да се надополнат единиците кои претрпеа загуби. Руските воени групи на привремено окупираните територии на Украина се очекува да бидат зајакнати со префрлање неколку единици од Република Белорусија откако ќе достигнат борбена способност, се вели во армискиот извештај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.