Украина и десетина земји-членки на НАТО, вклучувајќи ги и САД, почнаа воени вежби во западниот дел од поранешната советска република, во контекст на постојани тензии со соседна Русија.

Околу 6.000 војници од 12 земји учествуваат на годишните маневри организирани од Киев и Вашингтон, што ќе траат до 1 октомври, соопшти американската амбасада во Украина.

Вежбите треба да ја зајакнат „компатибилноста на војниците и седиштето на украинските и американските вооружени сили и партнерите во НАТО – изјави украинскиот генерал Владислав Клотчков.

Вежбите почнаа десетина дена по почетокот на руско-белоруските воени маневри во кои учествуваат 200.000 војници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.