Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека добил уверување од Велика Британија дека ќе бидат обезбедени дополнителни милијарда фунти за поддршка на неговата земја.

Одлични вести од Лондон: Британија ќе обезбеди дополнителни една милијарда фунти за поддршка на Украина. Тоа се нови инвестиции, трговија и безбедност. Како резултат на моите преговори со премиерот Борис Џонсон минатата година, вкупниот износ на британската поддршка ќе се зголеми на 3,5 милијарди фунти – објави Зеленски на Твитер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.