Канцеларијата на украинскиот државен обвинител и безбедносната служба од иранските власти побараа на Киев да му се предадат црните кутии од соборениот украински авион.

Претставник на украинските безбедносни служби неодамна изјави дека се очекува наскоро истакнат ирански истражител да ја посети Украина.

Британските медиуми пренесуваат дека тој треба да процени дали украинската лабораторија е адекватна за декодирање на црните кутии.

Претходно, шефот на истражувачкиот Институт за форензичка експертиза од Киев, Александар Рувин, кажа дека црните кутии ќе бидат декодирани во Украина и дека тоа ќе го стори група меѓународни експерти.

По враќањето од Техеран Рувин кажа дека процесот на декодирање на црните кутии ќе почне на 20 јануари , пренсе Тасс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.