Австриската јавност е шокирана од случајот со врсничко насилство во основно училиште во Грац, откако 9-годишен ученик бил претепан и давен од три момчиња за време на час.

По нападот детето се онесвестило, пренесуваат локални медиуми.

Според нив, тројца врсници претепале и давеле ученик во трето одделение се додека тој не изгубил свест, а родителите на момчето ја обвинуваат училишната администрација дека „систематски гледа на друг начин“ и го игнорира проблемот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.