Дванаесет полицајци во Мексико се уапсени за наводни убиства на 19 лица, меѓу кои и мигранти од Гватемала. Апсењата доаѓаат откако конкрајот на јануари во близина на границата со САД беа пронајдени телата на убиените.

Обвинителот во мексиканската сојузна држава Тамаулипас, Ирвинг Бариос Мохика соопшти дека 12 полициски службеници се наоѓаат во притвор и дека се соочуваат со обвинение за убиство, злоупотреба на власта и давање на лажни изјави.

Убиствата ги освежија спомените на масакрот на 72 мигранти во близина на градот Сан Фернандо што беше дело на локална банда, пишува агенцијата „Асошиејтед прес“ (АП). Оттаму додаваат дека тие убиства, сепак, биле поврзани со нарко картел, додека многу поголемо изненадување во јавноста предизвикало убиството на мигранти што наводно го извршиле полицајци.

Во споменатите акции на 22 јануари учествувале најмалку 22 полицајци – додал обвинителот Бариос Мохика.

Тој не прецизира за мотивот на полицајците, иако неретко се случува корумпирани државни полициски службеници во Мексико да отплаќаат долг кон нарко картелите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.