За време на овогодишниот фестивал „Гриндадрап“, што се одржува секоја година на Фарските Острови, автономен регион на Кралството Данска, убиени се 1.428 китови и делфини.

Животните биле убиени од локалното население во традиционалниот лов на делфини и китови наречен „Гриндадрап“, што датира од 1500-тите години.

Годинашната е највисока бројка на убиени животни од почетокот на традицијата.

Во традицијата што трае од 1584 година, најмногу китови и делфини досега биле убиени во 2013 година. Тогаш биле усмртени 430 животни.

И покрај силните осуди од екологистите низ целиот свет, традиционалниот фестивал се одржува секоја година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.