Жена, на возрст 29 години, синоќа беше убиена во Лондондери во Северна Ирска, соопшти полицијата, која се сомнева на тероризам.

Потврдуваме дека по престрелката 29-годишна жена е убиена, изјави локалниот полициски претставник Марк Хамилтон, додавајќи дека е отворена истрага за убиството, а постои сомневање дека се работи за терористички чин.

Локалните медиуми денеска објавија дека непознати лица пукале и фрлале молотови коктели врз полицајци за време на рутинската контрола во Лондондери.

Експлозија на автомобил-бомба во јануари оваа година во тој град предизвика стравување од нови инциденти во Северна Ирска, поради тензиите околу повлекувањето на Велика Британија од членство во Европската унија.

Еден од камењата на сопнување на договорот за Брегзит е токму границата помеѓу Ирска и Северна Ирска, која е дел од Обединетото Кралство.

Лондондери е познат по интервенцијата на британската армија наречена „Крвава недела“ . Во тој град, британските војници на 30 март 1972 година убиле 14 невооружени цивили, учесници на забранетиот марш за човечкови права на католиците. Причината за протестот беше апсењето на 342 лица, обвинети дека се членови на Ирската републиканска армија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.