Италијанскиот амбасадор во Конго, Лука Атанасио, беше убиен денес во напад на конвојот на ОН во таа африканска земја.

Информацијата ја потврди италијанското Министерство за надворешни работи, наведувајќи дека и италијански воен полицаец е убиен во нападот кој се случил во националниот парк Вирунга.

Конвојот на Програмата за храна на ОН (WFP) беше нападнат недалеку од градот Канјамахоро околу 9.15 часот по средноевропско време.

Амбасадорот починал од повредите со кои се здобил.

Целта на нападот било киднапирање на персоналот на ОН, изјави портпаролот на Националниот парк за италијанските медиуми.

Во нападот загинаа уште две лица, потврди портпаролот на армијата во провинцијата Северен Киву, кој не прецизираше за кого станува збор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.