Водачот на терористичката мрежа Ал Каеда за јужна Азија Асим Умар е убиен во заедничка авганистанско-американска воена акција.

Како што јавува „Би-би-си“, Умар, кој беше шеф на Ал Каеда за индискиот супконтинент е убиен во нападот на Талаибанците во авганисанската провинција Хелманд на 23 септември, соопшти авганистанскиот Национален директорат за безбедност.

Во истата акција, според британскиот сервис, се убиени 40 цивили како и шест припадници на Ал Каеда, повеќето Пакистанци.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.