Маж обвинет за убиство во серија вооружени напади што ги извршил во рок од еден час во три салони за масажа во областа Атланта во американската сојузна држава Џорџија, изјавил дека има проблем со сексуална зависност и дека неговото дело не е мотивирано од расна омраза, соопштија локалните власти.

Убиецот, 21-годишниот Роберт Арон Лонг, уби осум лица, вклучително и шестмина Азијци и предизвика страв дека неговите напади се уште едно злосторство од омраза кон Американците со азиско потекло, кои инаку беа нападнати за време на пандемијата, објави Ројтерс.

Синоќа Лонг стрелаше кон пет лица во азискиот салон за масажа Јунгс во Акорд, околу 50 километри северно од Атланта, изјави претставникот на шерифот од областа Чероки, капетан ayеј Бејкер, објави претходно АП.

Две лица починаа на самото место во тој напад, а три беа префрлени во болницата каде починаа, потврди Бејкер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.