Македонски државјанин 36-годишниот Џемаил М. од скопското село Ласкарци, кој до смрт ја избоде својата 32-годишна сопруга, Земира К., на паркинг во австрискиот град Тулин, наводно, бил поддржувач на Исламската држава, објавува австрискиот интернет-портал „ОЕ24″.

Веста за убиството е проследена со фотографија преземена од Фејсбук, на која се забележува осомничениот како позира со испружен показалец на десната рака, што како поздрав го користат и припадниците на Исламска држава.

Семејството на Џемаил во Македонија исто така се сомнева дека бил близок со припадници на Исламската држава и не сакаат да комуницираат повеќе со него.

Според портпаролот на австриската полиција, Џемаил го признал злосторството без каење.

Децата на брачната двојка се на возраст од шест и десет години и по трагедијата биле згрижени од институциите.

На  Џемаил му се заканува затворска казна од 20 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.