Сопругата на мексиканскиoт наркобос Хоакин Ел Чапо Гузман, триесет и едногодишната Ема Корнел Аиспуро  се изјасни за виновна по голем број обвиненија, вклучително и за трговија со дрога.

Пред судот во Вашингтон Аиспуро призна дека му помогнала на Гузман да го води наркокартелот Синалоа и да избега од затвор во 2015 година.

Може да добие доживотна казна затвор и парична казна до десет милиони долари.

Шеесет и тригодишниот Гузман во моментов издржува доживотна казна затвор во Колорадо за трговија со дрога и перење пари.

Картелот Синалоа бил најголемиот снабдувач на дрога во САД.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.