Седум лица се уапсени денеска рано утринава во Стразбур за време на антитерористичка операција предводена од Генералната дирекција за внатрешно набљудување (ДГСИ).

Операцијата, спроведена во различни области на европската престолнина, како што јави регионалниот весник Дерниер нувел д’Алзас, следи по истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот за престојот на едно лице во Сирија и можната мрежа на дознаки на пари во оваа земја. Според регионалниот дневен весник, интервенцијата мобилизирала неколку десетици припадници од разузнавачките служби, како и агенти од различни специјални полициски единици, особено оние од Стразбур и Нанси.

– Шестмина од осомничените се уапсени во Долна Рајна, а последниот во Пи-де-Дом на западот од Франција – изјави судски извор.

Шестмина се родени во Русија, а последниот во Грузија. Сите биле приведени во полициската станица во Стразбур под сомнение за „терористичко злосторничко здружување“. Наскоро тие треба да бидат префрлен во седиштето на ДГСИ во Левалоа-Пере, во парсикиот регион.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.