Во Франција се приведени двајца мажи кои планирале терористички напади за време на божиќните празници.

Според извори од истрагата, уапсените планирале да извршат напади со нож врз минувачи на најпосетените места за време на прославите.

Двајцата мажи, на возраст од по 23 години, биле приведени на 29 ноември во Ил-де-Франс.

На 3 декември тие биле обвинети и приведени во рамките на прелиминарна истрага што ја почнало антитерористичкото обвинителство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.