Министерството за правда на САД покрена постапка против повеќе од 300 лица за упадот во Конгресот на 6 јануари, а уапсени се најмалку 280 лица.

Одговорните мора да бидат изведени пред лицето на правдата и ќе одговараат за стореното – изјави заменикот на вршителот на должност јавен обвинител, Џон Карлин.

Неговите коментари доаѓаат само еден ден откако вршителот на должноста шеф на Капитол, Јоганада Питман, изјави пред конгресмените дека приврзаниците на поранешниот претседател Доналд Трамп можеби сакале да ја разнесат зградата на Конгресот.

Приврзаниците на Трамп упаднаа во зградата на Конгресот на 6 јануари во време кога се потврдуваа електорските гласови од претседателските избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.