Британската полиција соопшти дека денеска се уапсени 15 лица, меѓу кои едно дете (13) и две жени, во Ливерпул, по насилните протести пред хотел за баратели на азил.

Во инцидентот се повредени еден полицаец и двајца демонстранти, а запален е и полициски автомобил.

Демонстрантите фрлале пиротехнички средства кон полицијата, а на инцидентите во петокот им претходеше мирен протест и контрапротест во Ноузли, во близина на Ливерпул.

Инцидентите се случиле пред хотелот „Суитс“, каде им е овозможено засолниште на барателите на азил од јануари, по договор со британските власти.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.