Сестрата на Матео Месина Денаро, последниот кум на сицилијанската мафија, е уапсена откако полицијата ја пребарала нејзината куќа и во фотелја пронашла белешки во кои имало упатства до соработниците на оваа мафијашка група, пишува Гардијан.

Розалијa била уапсена откако полицијата извршила претрес во нејзината куќа во Кастелветрано, Сицилија и пронашла белешки со кои нејзиниот брат давал инструкции на соработници во криминални активности.

Според истражителите, пренесува Гардијан, Розалијa 30 години го молела својот брат да избегне апсење. Исто така, таа била задолжена да ги чува парите и да им пренесува информации на нивните соработници цело време додека нејзиниот брат бил во бегство.

Италијанската полиција соопшти дека во фотелјата на куќата на неговата сестра Росалија биле пронајдени рачно напишаните пораки и упатства на Матео Месина Денаро.

„Обвинет сум дека сум член на мафијата, во овој момент тоа го сметам за чест“, напишал во своја рака Матео Денаро на едно од парчињата хартија што ги пронашла полицијата.

Додека се криел, Денаро управувал со криминалните активности преку пронајдените белешки, притоа давајќи им упатства на другите членови на организацијата за следните чекори во извршувањето на задачите.

-Розалија Месина Денаро беше личност од апсолутна доверба на мафијашкиот бос. Таа раководеше со мрежа на инструкции преку кои Денаро им доставуваше наредби на други соработници, рече Алфредо Монталто, судијата кој го нареди нејзиното апсење.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.