Во истрагата против поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц, што државното обвинителство ја отвори поради корупција и поткуп на агенција за истражување на јавното мнение во корист на неговата партија ОВП, упасена е истражувачката на јавното мислење Сабина Бајншаб.

Некогашната асистентка на поранешната министерка Софи Карманис е обвинета за фалсификување на истражувањата во корист на владејачката Народна партија на Австрија, а потоа истиот материјал за пари го објавувала во бесплатен весник.

Весникот „Кронен цајтунг“ пишува дека Бејншаб е уапсена и дека таа е клучна фигура во аферата околу Курц во врска со лажните анкети на јавното мислење.

Во нејзините истражувања Курц секогаш бил прикажуван во позитивно светло, додека неговиот противник во борбата за функцијата шеф на партијата, Рајнхолд Митерленер, бил прикажан негативно.

Истражните органи одлучија за предвремено апсење поради опасност од прикривање на доказите, бидејќи Бејнсшаб, непосредно пред претресот во нејзиниот стан, го избришала хард дискот од нејзиниот компјутер.

Апсењето доаѓа точно на денот кога првите истраги по падот на Курц покажаа драматичен пад на ОВП.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.