Лидерот на ерменската опозициска партија „Татковина“, Артур Ванетсијан е уапсен и обвинет за заговор за уривање на владата и убиство на премиерот на земјата, a владини соопштија дека бил спречен обид за атентат.
Ванетсијан, кој порано беше на чело на Службата за национална безбедност на Ерменија (НСС), бил приведен вчера, пренесува VOA.

Ванетцијан беше приведен под сомнение за узурпација на моќта и подготвување атентат врз премиерот Никол Пашинијан, напиша на Фејсбук неговиот адвокат, Лусине Сахакијан.

Премиерот Пашинјан е под притисокот на илјадници демонстранти кои протестираат од
вторникот и бараат да отстапи од премиерската должност поради потпишувањето на договорот за прекин на непријателставата, со кој Азербејџан од денеска презеде територијална контрола во Нагорно Карабах, енклава со доминантно населена со Ерменци, по шестнеделните борби во кои загинаа над 4.000 цивили.

Пашинјан се превдаше пред нацијата дека немал друг избор и го потпишал договорот за прекин на огнот, за да спречи натамошно губење на териториите. Рече дека за тоа ја презема личната одговорност, но ги отфрли повиците да отстапи од должноста.
Нагорно Карабах со мнозинско ерменско население во 1988 година во тогашниот СССР објави дека се отцепува од Азербејџан во чијашто територија административно бил присоединет во 20-те години на минатиот век.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.