Најбараниот колумбиски дилер на дрога и водач на кланот Дел Голфо, Даиро Антонио Усуга, познат како Отониел, бил фатен вчера за време на операција спроведена од вооружените сили, потврдија воени и полициски извори.

Во акцијата е убиен еден полицаец.

Колумбија понуди награда до 3 милијарди пезоси (околу 800.000 американски долари) за информации за тоа каде се наоѓа Отониел, додека американската влада издвои награда од 5 милиони долари за да помогне во неговото лоцирање.

Стејт департментот на САД го опишува Отониел како „високо вооружен и екстремно насилен“. Тој стана лидер откако беше левичарски герилец.

Картелот што го водеше беше составен од поранешни членови на терористички организации и користи насилство и заплашување за да ги контролира патиштата за трговија со дрога, лабораториите за преработка на кокаин, појдовните точки на глисерите и тајните писти.

Според Си-Ен-Ен, ова апсење е најголемиот удар за нарко-мафијата во Колумбија.

Колумбискиот претседател го потврди апсењето на Отониел во телевизиско обраќање до нацијата. Рече дека ова е споредливо со падот на Пабло Ескобар во деведесетите

„Отониел беше еден од најопасните трговци со дрога во светот, убиец на полицајци, војници, политичари, регрутираше и малолетници“, додаде тој, завршувајќи го својот говор со зборовите: „До сите криминалци и трговци со дрога: или предадете се или ние ќе дојдеме по вас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.