Конзервативната водителка на „Фокс њуз“, Триш Реган, доби отказ од телевизијита поради тоа што во неколку своите вечерни емисии пред две недели повикуваше дека ширењето на коронавирусот е „измaма“ на демократите.

Реган koja има 47 години се најди на удар на критики од јавноста откако во својата популарна емисија „Триш Реган прајмтајм“, која се емитуваше во текот на неделата во ударен термин навечер, коментираше дека медиумските извештаи за коронавирусот се уште една „импичмент измама“ за „уништување на претседателот Трамп“.

Неколку денови подоцна, од „Фокс њуз“ соопштија дека емисијата на Триш Реган ќе паузира, поради потреба од термин за известување околу пандемијата од коронавирус.

Во соопштението синоќа, телевизијата укажа дека го раскинува договорот со Реган.

-Благодарност за нејзиното учество во програмите на мрежата, и пожелуваме континуиран успех во идните ангажмени, соопштија синоќа од телевизијата

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.