Твитот на американскиот претседател, Доналд Трамп, во кој тој тврди дека станал имун на Ковид-19 доби цензура од комапнијата.

„Твитер“ стави предупредување на твитот со образложение дека ги прекршил правилата на компанијата за ширење на потенцијално погрешни и штетни информации поврзани со корона вирусот.

Трамп во твитот напиша дека има „целосна и комплетна потврда од лекарот од Белата куќа“, што значи дека е имун на Ковид-19 односно дека не може да се зарази и болеста да ја пренесе на други.

„Твитер“ го означи твитот на Трамп со предупредување за проверка на информацијата, со што се оградува од одговорноста за напишаното.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.