Од унгарската Влада објавија дека без никакво појаснување Твитер им го суспендирал официјалниот профил на таа социјална мрежа.

Се чини дека дојде овој нов доблесен свет, во кој технолошките гиганти ги замолчуваат оние што имаат поинакво мислење. Ги презедовме потребните чекори и очекуваме официјално објаснување од Твитер – напиша портпаролот на унгарската влада Золтан Ковач.

Кога суспендира нечиј профил, се појавува следната забелешка: Твитер суспендира налози кои ги прекршуваат правилата на Твитер“.

Како прекршување на правилата на Твитер, меѓу другото се наведуваат говор на омраза, поттикнување на насилство, објавување манипулативни вести и слично.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.