Во турскиот Парламент денеска почна расправата за можното испраќање на турските трупи во Либија, по што ќе се одржи гласање.

Се очекува пратениците да ја одобрат иницијативата која има за цел Турција да и помогне на владата во Триполи, поддржана од САД, во борбата против силите на Калифа Хафтар против офанзивата на либискиот главен град.

Вонредната седница на Парламентот за овој предлог е свикана и покрај загриженоста на јавноста дека едногодишното распоредување на турските трупи во Либија може дополнително да го влоши конфликтот и да се закани на стабилноста во регионот.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган минатиот месец изјави дека претседателот на меѓународно признатата влада на Либија Фајез Сарај побарал помош од турските сили, по потпишувањето на договорот со кој на Анкара и се дозволува да распореди воени експерти и персонал во таа земја.

Тој договор, како и оној за морската граница меѓу двете земји, предизвика негодување во регионот и пошироко.

Борбите меѓу меѓународно признатата влада и генералот Хафтар, кој владее во истокот на земјата, започнаа по соборувањето на долгогодишниот претседател Моамер ал Гадафи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.