Во италијанското одморалиште Плаја ди Катанија, на Сицилија, денеска изби голем пожар, поради што туристите кои се наоѓаа на плажа мораа да влезат во морето.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, една од плажите е целосно уништена, додека другите се загрозени.

Пожарникарите ги спасуваа луѓето од морето со чамци и хеликоптери. Меѓу нив имаше и 40-ина деца. Неколку лица се задржани во локалната болница поради вдишување чад.

Противпожарната служба ги предупреди луѓето да бидат покрај брегот и да не се задржуваат на улиците за да можат пожарникарите да поминуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.